Застанал пред принцот и паднал како свеќа: Чарлс не успеал ни рака да му подаде

Макфакс

11/07/2020

09:12

2.319

Големина на фонт

а а а

Принцот Чарлс (71), кој бил во посета на дистрибутивен центар во Бристол, доживеал шок кога еден работник паднал пред него како свеќа.

Чарлс застанал за да разговара со работникот, кој бил во тимот за неговиот пречек, но на човекот одеднаш му се слошило и само се спрострел пред принцот. 

Шокиран и збунет, Чарлс воопшто не успеал да реагира. Доцна ја подал раката за да го задржи човекот, кој веќе лежел на подот. 

Не е познато зошто човекот се онесвестил, но тој, наводно, по само неколку моменти, станал и разговарал со Чарлс. 

За среќа, човекот не удрил во работ што се наоѓал веднаш над неговата глава и сè поминало без последици.



Спонзорирани линкови

Маркетинг