Лекари прегледувале починати од коронавирус: Во секој орган пронашле згрутчена крв, но ги изненадило тоа што не го пронашле

Точка

10/07/2020

19:17

8.594

Големина на фонт

а а а

Аутопсиите на починатите од коронавирус им помагаат на лекарите подобро да разберат како "Ковид-19" влијае на телото и организмот. Едно од најголемите откритија досега е пронаоѓањето на згрутчена крв во органите на починатите пациенти.

Докторката Ејми Рапкијевич, началничка на патологија при Медицинскиот центар Лангон во Њујорк, објасила зошто ова откритие е многу важно за разбирање на вирусот. 

Некои пациенти имале проблеми со крвно згрутчување, а нивото и размерите до кои тој проблем се случува е многу драматичен, опишува Рапкијевич. Во раната фаза на пандемијата лекарите забележале голем број крвни згрутчувања во разни крвни садови.

"Тоа што го видовме на обдукцијата беше своевидно продолжение на тој проблем. Згрутчување имаше и во големите и во малите крвни садови. Тоа беше драматично бидејќи, иако можеби очекувавме нешто такво во белите дробови, најдовме крвни грутки во речиси секој орган кој го прегледавме во нашето обдукциско истражување", рекла таа.

Истражувањето во кое се наведуваат нејзините наоди е објавено кон крајот на јуни во списанието "Lancet EClinicalMedicine".

Аутопсиите исто така покажале нешто необично за мегакариоцитите или големите клетки во коскената срж. Тие обично не кружат надвор од коските и белите дробови, рекла докторката.

"Ги пронајдовме во срцето и бубрезите, црниот дроб и другите органи. Во поголем број во срцето, мегакариоцитите создаваат тромбоцити кои учествуваат во згрутчувањето на крвта", вели таа.

Научниците се надеваат дека ќе откријат како овие клетки влијаат на малите крвни садови и згрутчувањата во нив кај заразените со Ковид-19.

Рапкијевич била изненадена и поради нешто што не пронашла при аутопсијата.

"Во текот на раната фаза на пандемијата лекарите мислеа дека вирусот предизвикува воспаление на срцето, но во обдукциите открија низок број на миокардитис", додала таа.

Докторката истакнува дека една од можностите е дека патолозите имале можност да ги прегледаат органите на многу жртви на Ковид-19 и да ги истражат процесите на болестите кои се случуваат. Таква можност немале ни кај H1N1 ни кај изворниот вирус кај САРС.




Спонзорирани линкови

Маркетинг