Со еден удар ја нокаутирал сопругата бидејќи седела со двајца мажи: Љубоморниот сопруг дивеел во ресторанот

Точка

10/07/2020

17:40

3.202

Големина на фонт

а а а

Кога видел дека неговата сопруга седи на маса со двајца мажи, еден Кинез влетал во ресторанот и ѝ влепил силен шамар, а тоа го забележале и надзорните камери.

Инцидентот се случил во Баодинг, во провинцијата Хебеј на север од земјата.

Жената после ударот останала да лежи, а според снимките, изгледа како да останала без свест. Љубоморниот сопруг ги нападнал мажите и фрлал разни предмети кои му биле при рака во ресторанот, после што побегнал.

„Таа ми е сопруга! Ве гледав од надвор 20 минути“, рекол мажот пред да излета од ресторанот.

Кинеската полиција соопштила дека го истражува инцидентот, но дека засега никој не е уапсен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг