Свети Николе е ново жариште на коронавирусот

Точка

10/07/2020

17:22

2.902

Големина на фонт

а а а

Свети Николе е новото жариште на коронавирусот во Македонија, вирусот се врати во Дебар, а општините Чаир и Гази Баба и натаму се општини со најголем број активни случаи на Ковид-19.

Во Свети Николе денеска се регистрирани нови 29 случаи на Ковид-19, и сега вкупно има 81 активен случај на вирусот во овој град. 

Двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус, соопшти градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски.

Вирусот се врати и во Дебар, првото жариште на коронавирусот во земјава. Во Дебар во последните 24 часа биле регистрирани 17 нови случаи, со што бројот на заразени достигна 137, од кои 76 се активни.


Општина Чаир останува општина со најголем број на активни случаи (323), во Гази Баба има 200, во Аеродром – 162, во Карпош – 147 додека во Бутел и во Центар има по 146.

Потсетуваме, во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг