Во различни периодични рамки, секоја сезона Амазон прави листа на најпродавани производи.
Во секторот за мода, оваа летна сезона, врз основа на продажбата, но земајќи ги предвид и коментарите на потрошувачите, едно од најпопуларните и најпродавани парчиња е фустанот со назив „Kilig's Spaghetti-Strap Buttoned Down Sundress".
Се работи за романтичен-ретро модел на фустан, со тенки прерамки, нагласена половина и миди здолниште во А крој. Грбот е делумно отворен, што е една од популарните летни тенденции, а фустанот во предниот дел е со закопчување по целата должина, додека странично се поставени длабоки џебови.
Доаѓа дури во 39 различни варијанти на бои и дезени, а неговата цена варира од 17 до 29 долари.