Федерер: Навистина бев изненаден од Надал кога првпат го запознав

Дерби

10/07/2020

16:14

922

Големина на фонт

а а а

Рожер Федерер и Рафаел Надал развија големо ривалство во изминатите две децении, но истовремено и големо пријателство кое навитина е специфично и некарактеристично за двајца врвни спортисти кои бркаат индивидуални достигнувања.

Пред да настане хаосот со коронавирусот, Федерер и Надал поставија рекорд по посетеност на еден тениски меч и покажаа дека можат да ги смогнат силите и за хуманитарни цели, а таквиот добра пријателски однос го создадоа со неизмерната меѓусебна почит како големи ривали на теренот.

Во последното интервју кое го направи за швајцарски „РСИ“, Федерер порача дека добро се рехабилитира од двете операции на коленото и дека со нетрпение чека да му се врати на тенисот на крајот на наредната година, но откри и што помислил за Рафа кога првпат го запознал.

– Кога првпат го запознав Надал надвор од теренот, навистина бев изненаден. Ме изненади бидејќи беше многу мирен и тивок надвор од теренот, нешто што е сосема спротивно кога игра на теренот каде е крајно агресивен.

– Имавме големо ривалство и понекогаш не беше лесно да се кријат емоциите, имавме големи дуели, но отсекогаш сме се почитувале. Знаеме дека сме пример за многумина и дека сме претставници на нашиот спорт. Нашите семејства имаат одлични односи и секогаш си честитаме еден на друг кога едниот победува, – вели Федерер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг