Британска нуклеарна подморница на Арктикот - "јасно предупредување" за Путин

Точка

10/07/2020

20:13

4.201

Големина на фонт

а а а

Велика Британија ја упатила нуклеарната подморница "HMS Trenchant" на Арктикот во рамките на воените вежби на НАТО, што е "јасно предупредување" за претседателот на Русија, Владимир Путин, за време на засилувањата на руската флота, пишува британскиот портал "Daily Express".

Во операцијата на НАТО, која го носи кодното име "Dynamic Magnus", учествуваат подморници на САД, Франција, Норвешка и Германија, како и нивните воени бродови и авиони. Вежбите се одржуваат во близината на линијата на противбродската одбрана на НАТО во северен Атлантик меѓу Гренланд, Исланд и Велика Британија. 

"Присуството на Велика Британија во тие големи противподморнички вежби на НАТО со две противподморнички фрегати, подморница, како и новиот поморски патролен авион "P-8 Poseydon" е најзначајно во последните неколку години". Велика Британија го зголемува својот авторитет и својата улога на Арктикот - рекол воениот експерт Ијан Балантајн за британскиот портал.

Според пишувањето на британските медиуми, воените вежби на Алијансата се одржуваат поради засилувањето на руските активности во арктичкиот регион, што меѓу другото, се однесува на одржување на големи воени маневри.

Балантајн истакнува дека пораката на Велика Британија и НАТО сојзуниците е "упатена кон рускиот претседател Владимир Путин и укажува на тоа дека Алијансата прв пат по подолго време е подготвена одлучно да ги прати своите поморски сили на Арктикот и да го следи развојот на новото руско вооружување".

Минатата недела било соопштено дека британските војници ги кренале ловците "Eurofighter typhoon" во средба со руските авиони кои летале во меѓународниот воздушен простор северно од Шкотска.

Членот на британскиот парламент Џејмс Хепеј смета дека постапките на руските војници се "провокација" на која Велика Британија реагирала "без размислување".

"Опасниот лет на руските авиони кон нашиот воздушен простор е јасно потсетување на опасноста со која ние, како нација, секојдневно се соочуваме", истакнал тој.

Руското Министерство за надворешни работи неколку пати истакнувало дека руските авиони летаат строго во склад со меѓународните правила.

Потсетуваме, руската Северна Флота од наредната година ќе биде посебна воено-административна единица, односно петти воен округ покрај Западниот, Јужниот, Централниот и Источниот. Територијата на Северната флота ќе опфати граници од Република Коми, Архангелската и Мурманската област, како Ненецкиот автономен округ".

Основата на Северната флота ја сочинуваат нуклеарни ракетни и торпедни подморници, авијација, разни видови на бродови, носачи на авиони. На чело на Северната Флота е тешкиот нуклеарен брод "Петар Велики".




Спонзорирани линкови

Маркетинг