Нов поопасен коронавирус се појави во Казахстан? Кинеската амбасада предупредува за непознато воспаление на белите дробови...

Точка

10/07/2020

09:07

2.870

Големина на фонт

а а а

Кинеската амбасада во Казахстан ги предупреди своите граѓани во таа земја да бидат внимателни поради избивањето на ново воспаление на бели дробови кое се чини дека е уште посмртоносно од Ковид-19.

Поради непознатото ново воспаление на белите дробови и коронавирусот истовремено, кинеските дипломати здравствената ситуација во Казахстан ја опишуваат како многу лоша.

Од почетокот на годината во оваа земја од воспаление на белите дробови починале 1772 лица. Само во јуни биле регистрирани 628 смртни случаи, вклучувајќи и кинески државјани, стои во соопштението на веб страницата на кинеската амбасада.


„Стапката на смртност од оваа болест е многу поголема од стапката на смртност од воспалението на бели дробови предизвикано од коронавирусот“, стои во соопштението.

Кинеските државјани во Казахстан се советувани да не ги напуштаат домовите ако за тоа немаат преголема потреба. Се советуваат да ги избегнуваат поголемите групирања, да носат заштитна маска на лицето, често да ги мијат рацете и да побараат лекарска помош ако почувствуваат некакви симптоми.

"Russia Today" пренесува дека казахстанското Министерство за здравство соопштило дека од 29-ти јуни и 5-ти јули биле регистрирани над 32 илјади случаи на воспаление на бели дробови и повеќе од 9,400 случаи на Ковид-19. Во тој период од воспаление на бели дробови починале 451 лица, а 76 од нив биле позитивни на коронавирус.

Експертите предупредуваат дека стапката на смртност од воспаление на белите дробови во Казахстан во јуни оваа година се зголемила за четири пати во однос на истиот период минатата година. На многумина не им бил дијагностициран Ковид-19, а тоа досега се објаснувало со тоа што многу од тестовите биле непрецизни.

Претседателот на Казахстан, Касим-Јомарт Токајев изјави дека земјата се бори со втор бран на коронавирусот, заедно со уште и „големите проблеми“ со воспалението на бели дробови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг