По бурните реакции на домашните музичари, откажан настапот на Јоксимовиќ на Охридско лето

Точка

09/07/2020

21:17

2.598

Големина на фонт

а а а

Концертот на српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ, кој беше предвиден во програмата за Охридско лето, продолжува да ја интригира јавноста. Откако концертот наиде на бројни критики, директорката на фестивалот „Охридско лето“ Наташа Поповиќ, вчера за „А1он“ изјавила дека концертот сепак ќе се случи.

Наташа денеска во нова изјава за „А1он“ вели дека концертот на Јоксимовиќ бил дел од работната верзија на програмата за Охридско лето и дека тој нема да биде дел од програмата. Поповиќ тврди дека биле направени само првични преговори и дека не бил потпишан договорот.


„Настапот на Жељко Јоксимовиќ кој деновиве предизвика низа реакции во јавноста беше дел од работната верзија на програмата на Охридско лето. Како Национална установа, официјалната програма ја соопштуваме на прес-конференција која за јубилејното издание ќе ја одржиме деновиве. За жал, нацрт-верзијат, која напоменувам не е конечна, деновиве се најде на социјалните мрежи со што одредени личности ја злоупотребија, искажувајќи револт и бес, без притоа да ја пофалат или во најмала рака да напоменат дел од другите уметници кои се најдоа на истата работна верзија, а се врвни уметнички имиња“, изјави Поповиќ.

„Она што можам сега да го кажам е дека Жељко Јоксимовиќ нема да биде дел од програмата. Направени беа само првични преговори и не е потпишан договорот. Повторувам преговорите беа Јоксимовиќ да настапи во дополнителната програма, што фестивалот секоја година ја има покрај официјалната, во која се класичната музика и театарот“, додава директорката на фестивалот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг