Популарниот холивудски пар се разведува по 19 години брак: „Плачеме додека го објавуваме ова“

Точка

04/07/2020

15:34

8.743

Големина на фонт

а а а

Џенифер Греј и Кларк Грег одлучиле да стават крај на нивниот брак. Парот веста ја објавил во петокот со заедничко обраќање на своите социјални мрежи.

„Неодамна донесовме тешка одлука за равод, но ќе останеме блиски и длабоко благодарни на животот кој што го делевме и на прекрасната ќерка која што ја одгледавме“ – напишале тие.

„П.С. плачеме дека ова го објавуваме“.

Ѕвездата на „Dirty dancing“, 60-годишната Греј, и ѕвездата на Марвел, Грег (58) се венчале во 2011-та година. Во истата таа година ја добиле и ќерката Стела која што минатиот месец матурираше, а нејзиниот татко тоа ѝ го честитал по пат на социјалните мрежи.

Грег е најпознат по улогата во серијалот на Марвел за вселената, како агент Фил, а Греј неодамна победи во 11-та сезона на американската верзија „Танц со ѕвездите“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг