„Небо, плачеш ли за мене?“: Денеска ќе наполнеше 35 години - сеќавање на Влатко Илиевски

Точка

02/07/2020

14:43

3.264

Големина на фонт

а а а

Пред две години, само четири дена по неговиот роденден во солзи и неверување ја примивме веста за смртта на Влатко Илиевски. Ако беше жив денеска ќе наполнеше 35 години.

Кобната вечер, на 6-ти јули, само четири дена по неговиот роденден, ја добивме веста дека Влатко е пронајден мртов во својот автомобил.

Тогаш, додека голем дел од јавноста се занимаваше со детали за тоа како настанала смртта, дали станува збор за предозираност од алкохол или наркотици, неговите најблиски сакаа ова да е само една лоша шега со која медиумите се убедуваат да го привлечат вниманието.

На крајот, неговите пријатели, барем оние кои му беа најголема поддршка и во најтешките моменти, велат дека докрај ќе му се лутат за тоа што не успеал да се откаже од работи кои, очигледно, го воделе само кон пропаст.

Многумина од колегите на рокерот, во повеќе наврати најавиле дека ќе организираат концерти во негова чест. Неговиот татко за „Женски магазин“ рекол дека не знае зошто ниту еден од плановите не е реализиран, уште пред пандемијата.


Во собата на Влатче, која е музеј на емоции и на сите негови спомени, стојат уште многу необјавени песни, кои семејството Илиевски ќе ги објави наесен.

Инаку, Влатко е роден на 2-ри јули, 1985-та година. На 12 годишна возраст почнал да свири на гитара. Својата кариера ја започнал на почетокот на 2000-те години, со групата „Made in Macedonia“, а како што поминуваше времето, Влатко стануваше сè попопуларен, барем на нашите простори. 

Влатко од мал знаел што сака и со текот на годините се посветил да оствари сериозна кариера. Иако тој во 2007-ма година ја започнал својата соло-кариера, во која имаше многу познати хитови кои и денес се вртат на македонските плеј листи, Влатко сепак ја остави незавршена својата приказна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг