Минувачи не можеле да веруваат што правел за време на хаотичните протести во САД

Точка

03/06/2020

16:50

4.573

Големина на фонт

а а а

Ширум САД веќе со денови траат протестите поради бруталната смрт на црнецот Џорџ Флојд, кој беше притиснат со колено на вратот од полицаец.

Четворицата полицајци кои се вмешани во инцидентот се отпуштени наредниот ден.

Протестите кои следеа станаа насилни и хаотичини, но еден маж имал поинакви намери. За време на протестите во Минеаполис, на 28-ми мај е снимен како вежба во искршен фитнес центар.

„Ова е свирачот на виолина од Титаник“, „Planet Fitness требале да му дадат доживотно членство поради лојалноста“, „Сè што сака е да ги согори калориите“, се само некои од реакциите на Јутјуб, каде на каналот „Viral Hog“ се појави снимката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг