Моден камелеон: Сите стилски трансформации на Шарлиз Терон

Кармин

29/05/2020

10:49

1.178

Големина на фонт

а а а

Шарлиз Терон е позната по честите и неочекувани промени на имиџот, фризурата, бојата на косата, начинот на облекување...

Убавата Австралијанка многупати досега нè изненади со радикална промена на имиџот. Понекогаш станува збор само за некое парче облека, но многу почесто тоа се бојата на косата, фризурата, па дури и телесната тежина и конфигурацијата на лицето. 

За потребите на филмот “Bombshell” ѝ биле изработени посебни фацијални протези кои ја направија речиси непрепознатлива. Слична е ситуацијата и со снимањето на филмот “Monster” за кој таа се здебели неверојатни 25 килограми, па дури и тогаш едвај ја препознавме.


Шарлиз е очигледно склона кон експериментирање и не плашејќи се да изгледа поинаку (без разлика дали е приватно или за професионални потреби), таа ја пренела таа разноликост и на својот моден стил. Така, Терон можете да ја видите и во најелегантните изданија кои се одликуваат со сексапил и женственост, преку “момчешки” стајлинг од глава до пети па сè до целосно опуштените варијанти во папучи. Секако, тука се и сите комбинации измеѓу.

Единствено што може да се додаде е дека Шарлиз, што и да направи – секогаш изгледа прекрасно .





Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk