Фановите полудеа по новите фотографии на Шерон Стоун: Дали е можно жена од 63 години да изгледа вака?

Кармин

26/05/2020

22:03

11.825

Големина на фонт

а а а

За 63-годишната Шерон Стоун се знае дека не е “зависник” од пластичната хирургија, но очигледно е дека истата не ја заобиколила.

Во секој случај, хирургот кој ги “поправил” ситните знаци на старост кај оваа актерка е очигледно мајстор на својот занает. 

Овие денови Стоун е во центарот на вниманието поради новите фотографии на нејзиниот Инстаграм профил. Имено, познатата актерка ги воодушевила своите обожаватели со фотографиите на кои позира во минијатурно бикини и на кои до израз доаѓа нејзиното затегнато тело.

Многумина коментираат дека Шерон уште еднаш докажа дека изгледот очигледно не може да се купи со пари, туку мора чесно да се заработи со секојдневно вежбање и избалансирана исхрана.

Погледнете ги фотографиите и проценете сами:


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk