Јапонија ја укина вонредната состојба

Макфакс

25/05/2020

21:47

436

Големина на фонт

а а а

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе најави дека се укинува вонредната состојба што беше во сила во Токио и четири други административни области од средината на мај поради пандемијата на коронавирус.

Тој предупреди за можноста за повторно воспоставување на ограничувања доколку се шири вирусот.

Јапонскиот премиер најави дека вкупниот износ на стимул за економијата на земјата, која исто така е погодена од пандемијата, ќе достигне 200 трилиони јени преку два пакети за помош, но предупреди дека ќе биде потребно долго време животот да се врати во нормала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг