Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, пишувала дневник за својот живот во британскиот кралски дворец. Книгата би можела да стане успешна, тврди извор запознаен со ситуацијата.
Меган Маркл во дневникот најверојатно го опишала својот пат од американска актерка до член на британското кралско семејство, а кралскиот биограф, Ендру Бартон, кој ја напишал книгата за принцезата Дајана, но и за Меган, вели дека книгата заснована на дневникот на Меган ќе даде целосна слика, пренесува британскиот „The Sun“.
Мортон рекол дека Меган Маркл убаво пишува и дека користи убави фрази, а за тоа веројатно допринело тоа што студирала англиски јазин.
Мемоарите базирани на нејзиниот пат од актерка до благородничка би ѝ дале шанса на Меган Маркл да ја раскаже приказната на свој начин.
Како што се наведува, пишувањето ѝ е страст на Меган и се верува дека еден ден дневникот еден ден ќе почне да се печати.
Пријател на Меган Маркл кој инсистирал на анонимност вели дека таа очајнички сака да ја отстрани сликата за себе како некој кој тежнее кон слава и моќ и дека е непријатна кон вработените и другите луѓе.