Лери Дејвид им се обрати на 'идиотите': „Сега имате единствена прилика да...“

Точка

01/04/2020

17:29

3.334

Големина на фонт

а а а

Лери Дејвид им порача на 'идиотите' кои не го почитуваат социјалното дистанцирање да гледаат ТВ.

„Очигледно, некој ме наговори на ова, бидејќи ова не е нешто што инаку го правам, но во принцип сакам да им се обратам на сите идиоти - а вие знаете кои сте“, започнал создавачот на „Seinfeld“ во снимката која на Твитер ја споделил и калифорнискиот гувернер.

„Излегувате - знам што правите. Се социјализирате преблиску, не е во ред.“

„Ги доведувате во опасност постарите луѓе како мене - добро, не мене. Јас немам ништо со вас. Никогаш нема да ве видам. Но, знаете - другите. Ајде да речеме другите стари лица кои би можеле да ви бидат и роднини. Кој знае, по ѓаволите“, додал тој.

72-годишниот Дејвид ги предупредил гледачите дека пропуштаат фантастична прилика која се пружа еднаш во животот - да седат дома и да гледаат ТВ.

„Не знам како можете тоа да го пропуштите!“, нагласил тој.

„Па, можеби... бидејќи сте премногу паметни. Но еве: Одете дома. Гледајте ТВ! Тоа е мојот совет за вас.“

Комичарот потоа им порачал на гледачите дека би знаеле дека надвор ништо добро не се случува ако го гледале неговото шоу „Curb Your Enthusiasm“, додавајќи дека надвор има само неволји. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг