Фејми Даут, директорот на фотографија на „Медена земја“ снима документарец во Вухан – во видео обраќање го опиша тамошниот живот

Точка

28/03/2020

15:10

6.304

Големина на фонт

а а а

Фејми Даут – еден од двајцата директори на фотографија на македонскиот документарен филм „Медена земја“ моментално се наоѓа во Вухан, градот во кој што се појави епидемијата на опасниот коронавирус.

Поводот поради кој Даут се наоѓа во жариштето на коронавирусот е снимање на нов документарен филм во американско-кинеска продукција.

Тој за „Само Прашај“ пренесува и опишува каков е моментално животот во местото каде што се појави Ковид-19.

Во видеото Даут објаснува дека тој и филмската екипа се единствените странци кои што моментално се наоѓаат во 9-милионскиот град кој што како што знаеме е затворен од 28-ми јануари.

Во видео јавувањето Даут на детален начин објаснува како изгледа карантинот во “градот на духовите“ и што значи изолација за кинеските граѓани – задолжително носење заштитни маски и ракавици, танцување на отворено за да се оддржи позитивниот дух на луѓето и чување на сопственото и здравјето на другите.

Погледнете го видеото:




Спонзорирани линкови

Маркетинг