Корејската серија го распамети светот – објавена пред две години, а зборува за коронавирусот кој ќе усмрти над 90 отсто од популацијата...

Точка

28/03/2020

14:23

6.567

Големина на фонт

а а а

Корејската ТВ драма од 2018-та година во која што многу точно се опишува смртоносниот вирус, во текот на изминативе денови се искачила на 5-то место на најгледани серии во Британија.

Во паралела со моменталната пандемија, ликот во шпионската драма „My Secret Terrius“, предупреден е на вирус кој што е сличен на коронавирусот, чија инкубација трае 14 дена, а истиот ги напаѓа белите дробови и за него не постои вакцина.

Во оваа фикција, вирусот мутант е искористен како оружје кое што може да убие 90 отсто од заразените пациенти. Сцената која што предизвикала најголемо внимание кај гледачите, е прикажана кон крајот на 10-та епизода кога еден од ликовите се сретнува со докторката која што му ги покажува неговите вознемирувачки резултати од анализата.


„Мора да направиме уште неколку анализи, но очигледно дека станува збор за мутиран вирус“ – изговата докторката во оваа серија.

Таа потоа овој вирус го споредува со претходните епидемии, а се наведуваат и САРС и МЕРС вирусите и кажува дека новиот вирус припаѓа во истата таа група на вирусот.

„Коронавирусот ги напаѓа белите дробови и респираторниот систем. Во текот на епидемијата на САРС и МЕРС, стапката на смртност беше околу 20 отсто“ – се наведува во серијата.

Во следниот кадар, пациентот ја прашува докторката:

„Но, сепак не е толку сериозен вирус кој што може да се користи како оружје. Дали сум во право?, а докторката одговара:

„Како што кажав, тоа е мутиран вирус и некој го направил за да предизвика смртност од 90 отсто. Што има поопасно од тоа што овој вирус има период на инкубација од 2 до 14 дена? Тој директно ги напаѓа белите дробови и тоа по само 5 минути од изложеност на истиот“ – опишала докторката.

Кога пациентот ја прашува докторката дали постои лек, таа вели дека моментално нема вакцина за коронавирусот, но дека стапката на смртност од истиот која што ѝ пркоси на планетата е многу помала од 90 отсто и изнесува 4.5 отсто.

Уште една од сцените која што е многу слична на нашата реалност е кога министерот за здравство им покажува на децата како да ги мијат своите раце и да го спречат ширењето на коронавирусот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг