Анџелина Џоли донирала 1 милион долари за децата кои поради коронавирусот останале без храна

Точка

27/03/2020

16:56

872

Големина на фонт

а а а

Оскаровката и активистка, Анџелина Џоли, донирала милион долари во организацијата „Ниедно дете да не биде гладно“, која им помага на заедниците да ги нахранат децата кои зависат од училишниот оброк, пренесува „People“.

„Од оваа недела над 1 милијарда деца не се во училиште, бидејќи тие се затворени поради коронавирусот. Многу деца зависеа од оброкот кој им следуваше во училиште, вклучувајќи и речиси 22 милиони деца во Америка. Организацијата 'Ниедно дете да не биде гладно' вложува напори да обезбеди храна за што поголем број деца“, соопштила Џоли.

Таа донација не е единствен начин на кој оваа мајка на 6 деца им помага на оние на кои им е потребна помош за време на коронавирусот.

Таа донирала пари и во Агенцијата за бегалци во Обединетите нации, а испратила поддршка и во училиштата кои ги финансира во Авганистан, Камбоџа, Кенија и Намибија.


Анџелина моментално финансира 10 училишта во Камбоџа, преку „Maddox Jolie Pitt“ фондацијата, основана во чест на најстариот син кој го посвои од Азија.

Исто така финансира училиште за девојчиња во Кенија и уште две училишта за девојчиња во Авганистан.

Анџелина работи со организацијата „UNESCO“ на воспоставување на Глобална коалиција за образованието на децата



Спонзорирани линкови

Маркетинг