Кој може да одолее на слатката бебешка облека? Мајките и бабите први “паѓаат“ пред нив, но сè почесто и со облеката за бебиња мора да бидете внимателни, бидејќи дури и таа може да содржи проблематични мотиви.
Едно такво боди кружи на Фејсбук, а како што се претпоставува, бабата намерно го купила за својата внука.
Гордо ја објавила фотографијата на Фејсбук, а сето тоа го забележал еден нејзин Фејсбук пријател, кој бил згрозен од она што го гледа.
Бодито на себе има привезоци на градите, танга гаќи и тетоважа над гаќите.
„Не знам што е побизарно - бодито кое бабата го избрала или овие 100-на коментари од нејзините пријатели на кои ова им е симпатично“, вели згрозениот човек, а луѓето се согласуваат со него дека на ова боди нема ништо смешно ниту симпатично.