“Ѕирнете“ во оваа спектакуларна вила вредна половина милијарда долари

Кармин

13/02/2020

15:07

2.887

Големина на фонт

а а а

Некој среќник кој што во себе има половина милијарда долари вишок, може себеси да си подари спектакуларна вила со 20 спални соби, базени, салони, ноќен клуб и многубројни други предности.

Станува збор за врвен имот на Бел Ер, кој во изградба бил седум години и сега конечно се нашол на пазарот со цена од половина милијарда долари.

Доколку истиот се продаде, тоа ќе биде најскапата вила во Америка.


Наречена е „The one“ и е дело на некогашниот филмски продуцент Нил Ниами со големина од 10.000 метри квадратни којс во себе има многубројни понуди, како ноќен клуб со ВИП соба, 20 спални соби, вклучувајќи ја и главната спална соба од 550 метри квадратни, IMAX приватно кино со 45 седишта и соседи како што се Џенифер Анистон и Илон Маск.


Експертите од светот на недвижнините веќе реагирале на превисоката цена за овој имот, но Ниами одбива да го промени своето мислење, притоа изјавувајќи: „Кога имате нешто што е многу ретко, како на пример Мона Лиза - може да барате било што за тоа“. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk