63-годишниот актер Том Хенкс е сигурно еден од најсаканите актери на планетата. Не само што е неверојатно талентиран, во што одат во прилог и двата освоени Оскари, туку е едноставно, прекрасно и харизматично човечко суштество.
Неговите филмови сме ги гледале најмалку пет пати, а неговото име може да се чуе во секој разговор ширум светот кога се зборува за најдобрите живи актери.
Својата кариера ја започна со комедии во текот на 80-тите, а неговиот пробив во холивудското соѕвездие на славните претставува култното остварување “Big”. Улогата во оваа комична фантазија му ја донесе првата номинација за Оскар. Во следната деценија влезе на “голема врата”, а во 1995 година стана дури вториот човек во историјата кој освоил последователни Оскари за најдобра главна машка улога, и тоа за филмовите “Philadelphia” и “Forrest Gump”.
Хенкс е редовен соработник со режисерот Стивен Спилберг со кој има снимено пет филмови, почнувајќи од “Saving Private Ryan”. Играл и во филмови на Роберт Земекис, Рон Хауард и Клинт Иствуд. Добитник е на многу актерски признанија, а во 2016 година му е врачен Претседателскиот орден на слободата, највисокото цивилно одликување кое го доделуваат Соединетите Американски Држави.
Со неговите филмови плачевме, се смеевме и скокавме од работ од столчето. Во чест на досегашната кариера на Тон Хенкс и неговите први номинации за Оскар по 20 години, за филмот “A Beautiful Day In The Neighborhood”, ви припремивме избор од 10-те најдобри клучни улоги на Хенкс.
Џош Баскин – “Big”, 1988
Режија: Пени Маршал
Ендрју Бекет – “Philadelphia”, 1993
Режија: Џонатан Дем
Форест Гамп – “Forrest Gump”, 1994
Режија: Роберт Земекис
Шериф Вуди – Серијал “Toy Story”, 1995-2019
Режија: Џон Ласетер
Капетан Џон Х. Милер – “Saving Private Ryan”, 1998
Режија: Стивен Спилберг
Чак Ноланд – “Cast Away”, 2000
Режија: Роберт Земекис
Виктор Наворски – “The Terminal”, 2004
Режија: Стивен Спилберг
Професор Роберт Лангдон – Серијал филмови за проф. Лангдон (2006-2016)
Режија: Рон Хауард
Закри и пет други ликови – “Cloud Atlas”, 2012
Режија: Лана и Енди Вачовски и Том Тајквер
Ричард Филипс – “Captain Phillips”, 2013
Режија: Пол Грингрес