Принцот Ендру не соработува во истрагата за педофилот Епстајн: Рече дека ќе помогне, но молчи...

Точка

29/01/2020

11:42

1.569

Големина на фонт

а а а

Принцот Ендру не соработува со ФБИ во истрагата за педофилот Џефри Епстајн, иако јавно порача дека ќе помогне во тој случај, изјавија американските обвинители.

Британскиот принц тврди дека немал сексуални односи со тогаш 17-годишна девојка, средба која ја организирал токму Епстајн. Тој во ноември ги отфрли сите обвинувања и порача дека е расположен да помогне во истрагата ако тоа биде побарано од него.

Меѓутоа, њујоршкиот адвокат Џофри Берман кој води истрага за можните соучесници на американскиот милијардер изјави дека Ендру се уште нема одговорено на барањето на ФБИ за разговор.

„До денес принцот Ендру воопшто нема соработувано“, изјави Берман и додаде дека не коментира дали поединци соработуваат во случајот, но за принцот Ендру направил исклучок затоа што принцот јавно порачал дека ќе помогне во истрагата.

„Фер е јавноста да знае дали принцот Ендру го исполни ветувањето“, изјави Берман.

Вториот син на кралицата Елизабета Втора беше присилен да се повлече од кралските должности затоа што предизвика огорченост во јавноста откако во интервју за „БиБиСи“ го бранеше своето пријателтво со контроверзниот милијардер Епстајн.

Епстајн кој беше меѓу другото беше обвинет за педофилија и сексуално злоставување им беше близок пријател на многу истакнати политичари, меѓу кои и актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

„Епстајн не можеше да го прави тоа што го правел без помош на други и ве уверувам дека истрагата продолжува“, изјави Берман.



Спонзорирани линкови

Маркетинг