За манекенката која го маѓепса Инстаграм, луѓето велат дека е од друга планета: “Како е можно да немала ниту една естетска корекција?”

Кармин

28/01/2020

15:44

6.515

Големина на фонт

а а а

Девојката со неконвенционална убавина потполно ги маѓепса социјаните мрежи, а нејзината убавина ги освојува и модните писти.

Станува збор за Цунаина, девојка со потекло од Тибет која моментално живее во Англија и работи на бројни модни проекти, благодарение на својот нестандарден изглед. 

Полните усни, косите очи и младежите по нејзиното лице ги воодушевуваат нејзините следбеници, но најголемо внимание привлекува обликот на нејзиниот нос.

За кратко време, Цунаина добила голем број следбеници на Инстаграм, а многу од нив просто не веруваат дека оваа манекенка во целост е природна, иако малубројните податоци кои можат да се најдат за неа велат дека таа немала никакви естетски корекции.

Цунаина е вистинско освежување на модната сцена, па дури и по висината – висока е само 164 центиметри, но тоа не ги спречило модните скаути кои ја забележале на улица да ѝ пријдат и да ја ангажираат.

Таа се појавила и на модната недела во Лондон, а соработува и со модната куќа Диор.

На Инстаграм има околу 300.000 следбеници иако исклучително ретко објавува фотографии од себе, а луѓето им аплаудираат на модните експерти кои наместо, како што велат, за “класични убавици” се одлучиле токму за Цунаина за која сметаат дека изгледа како да не е од оваа планета.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk