Иранскиот претседател ја нарече сегашната влада на САД најлоша во историјата на Америка

Макфакс

28/01/2020

14:48

665

Големина на фонт

а а а

Иранскиот претседател Хасан Рохани почна тирада против САД во говорот што се емитуваше на државната телевизија во вторникот, велејќи дека сегашната американска влада е најлошата во историјата на Америка, пренесува „Спутник“.

Рохани зборуваше и за претстојните парламентарни избори во Иран закажани за следниот месец, истакнувајќи дека нивниот исход ќе влијае врз регионалната и меѓународната политика.

Рохани претходно ги повика Иранците да излезат на изборите, додавајќи дека не треба да дозволат американскиот претседател Доналд Трамп да го уништи нивното национално единство.

Парламентарните избори закажани за 21 февруари ќе ја утврдат судбината на 285 места во иранскиот парламент. Гласањето ќе се одржи во период додека земјата сè уште закрепнува од смртта на командантот на силите Кудс, генерал Касем Сулејмани, и од трагичниот инцидент со соборување авион во кој загинаа 178 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг