ФРОДЕМ: Обвинителството да провери дали ВМРО-ДПМНЕ има нови докази за „Рекет“ или дава лажни искази

Макфакс

22/01/2020

10:43

635

Големина на фонт

а а а

Во Република Македонија одамна функционира на дело „светото тројство“ – „Сваровски“ судство, Русковска обвинителство и „Долче и Габана“ политичари, велат од политичката партија Фронт за демократска Македонија (ФРОДЕМ).

„Навидум сите се за за ред и поредок, а цело време сме сведоци на анархија. Капак на сето тоа е и случајот ‘Рекет’ и ‘Луј Витон’ торбите. Сите вмешани, а на крај сите чисти“, се наведува во соопштението на партијата чиј лидер е Јове Кекеновски.

Во него понатаму се цитира изјава од Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ кој кажал дека „Ако судот не ја заврши својата работа околу случајот со СЈО и ‘Рекет’ тогаш ДПМНЕ ќе објави нови сознанија за тој случај”.

„Сакаме да ја потсетиме јавноста дека и партискиот шеф на Николовски пред неколку месеци даде изјава со слична содржина, а кога тоа ќе се слушне од првите двајца луѓе на засега најголемата опозициона партија, тоа треба серизно да се земе предвид“, велат од ФРОДЕМ.

Од таму повикуваат обвинителството да го сослуша раководството на опозициската партија во врска со овој случај.

„За да се открие целата мистерија околу случајот ‘Рекет’ и за да се стави крај на сите шпекулации и нејаснотии во врска со него, ФРОДЕМ го повикува (какво-таквото) надлежно обвинителство и судот итно да ги повика и да ги сослуша гласноговорникот Николовски и неговиот шеф и да види и слушне што е тоа што тие го знаат, а не го знае обвинителот и јавноста и конечно да стави крај на сите идни манипулации, калкулации и игри околу и за престолот“, стои во партиското соопштение во кое се додава дека само на овој начин судот и надлежното обвинителство имаат ретка можност да ги проверат, но и да дојдат до евентуално нови сознанија, а во спротивно доколку повиканите лица немаат нови докази тоа е убава можност за прв пат во земјава да се покрене постапка против политичари за давање лажен исказ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг