Марота со јавен коментар за ангажманот на Ериксен: Чекаме и…

Дерби

22/01/2020

10:20

799

Големина на фонт

а а а

Во следните неколку денови се очекува да биде потврден ангажманот на Кристијан Ериксен во редовите на Интер.

Италијанскиот клуб се уште не може да се договори со Тотенхем околу обесштетувањето, меѓутоа како што стојат работите двете страни се блиску до договор, па трансферот наскоро би можел да се реализира.

Свој краток коментар за случувањата даде и првиот оперативец на Интер, Џузепе Марота кој истакна дека се уште чекаат за да видат каков одговор ќе добијат од англискиот клуб.

– Ериксен е фантастичен играч. Ние чекаме и во исто време сме убедени дека договорот ќе биде постигнат, - кратко одговори Бепе Марота.



Спонзорирани линкови

Маркетинг