Поради уцени, најпопуларната Јутјуберка ја открила својата тајна пред 12 милиони луѓе: “Моето момче едвај го прифати тоа”

Кармин

14/01/2020

12:12

5.156

Големина на фонт

а а а

Една од најпопуларните Јутјуберки на светот, Ники де Џегер односно Ники Туторијалс, вчера објавила тајна за која вели дека ја криела во текот на целата своја кариера, а таа тајна е дека е всушност – трансродна личност.

Оваа 25-годишна Јутјуберка во отвореното видео признала дека била уценувана и дека уценувачите ѝ се заканувале дека ќе ја откријат тајната. 

“Затоа решив да преземам контрола над ситуацијата и својата моќ и сама да го објавам тоа”, вели таа на снимката.

“Планетата е полна со разни етикети, а јас никогаш не сум ги сакала. Отсекогаш сум сакала да бидам своја личност, човечко суштество за себе без никакви правила и без никакви ограничувања. Затоа, оваа година ја отворам со тоа што споделувам дел од својот живот кој ме обликуваше. Конечно ќе бидам слободна”, ја започнува Ники својата исповед, објаснувајќи понатаму дека е родена како машко.

“Мојата мајка била потполно уверена дека носи девојче. Толку била сигурна во тоа што не направила ниту ултразвук. Меѓутоа, кога сум се родила, следувало шок за неа, но и за мене – оној момент кога станав свесна за себеси. Отсекогаш сум била феминизирана, ме интересираа исклучиво кукли, шминка и фустани. Мојата мајка сметаше дека ќе бидам геј или дека едноставно сум родена во погрешно тело”.

Ники инаку веќе 10 години го води својот канал на Јутјуб, а како што вели таа, процесот на промена на полот започнал веќе на 14 години, поради што нејзината трансродност е речиси незабележителна.

“Кога ќе ги погледнете моите први видеа на Јутјуб, ќе забележите дека сум поинаква. Во тоа време го менував полот и се менував пред камерите. Мојот канал беше мое бегство од подлите коментари и трансфобијата”, признава Ники во емотивното видео.

Како што вели таа, на 14 години започнала да зема хормони, а на 19 години целосно завршила со промената на полот. Цел свет е шокиран од нејзиното признание бидејќи никој не би помислил дека таа некогаш била машко.

Ники инаку од август 2019 година е верена за своето момче Дилан, а зборувала и за неговата реакција кога му ја кажала вистината за себе.

“Беше во шок, никогаш не би ни помислил на нешто такво. Меѓутоа, тој и понатаму е покрај мене и работиме на тоа сè да пребродиме заедно, како пар”, порачала Ники.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk