Го замени Кевин во третиот дел од „Сам дома“: Погледнете како денес изгледа малиот Алекс

Точка

14/12/2019

11:12

9.409

Големина на фонт

а а а

Во третиот дел на “Сам дома“ го замени Кевин и беше многу понепопуларен од првите два, сигурно сите се сеќавате на малиот Алекс кој го наследи планетарно популарниот Кевин Мекалистер.

Актерот Алекс Линц во 1997-та година имал само осум години и многу тешка задача пред себе бидејќи првите два дела од овој филм беа мегапопуларни. Тој не се викаше Кевин кој сите го знаевме туку Алекс Пруит, а сам дома остана откако добил сипаници.

Воедно се нашол и на мета на терористичка организација која сакала микрочип кој случајно се нашол во неговите раце откако од неговата сосетка добил подарок за Божиќ.

Алекс денес има 29 години и повеќе не се занимава со актерство. Во 2011-та година дипломирал на Беркли, а моментално работи во организација за зачувување на животната средина “Watershed Conservation Authority“, пишува на неговиот Фејсбук профил.

Како што пишуваат од “Yahoo“ по 16-та година тој целосно престанал да се занимава со актерство, но сепак тие наведуваат дека додека студирал бил член во драмската секција.

Но, сепак како што знаеме тој на големото платно никогаш не се врати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг