Свадбата била прекрасна додека не се појавила “втората“ невеста: „Запрете ја венчавката“

Точка

13/12/2019

13:02

4.099

Големина на фонт

а а а

Стејси Овен (29) од Велика Британија била вообичаена невеста која уживала во својот најубав ден, а потоа во салата влетала жена во венчаница и рекла: “Запрете ја венчавката“ - пеколот почнал.

Тоа била, барем така мислела Стејси, поранешната девојка на младоженецот која сметала дека таа треба да биде на местото на невестата.

Откако ја прекинала венчавката, тргнала кон младоженецот и почанала да го удира со бидермаерот.

Меѓутоа, на крајот се дознало дека станува збор за изнајмена комичарка Џенуари Рис. Неа ја ангажирал кумот на Стејси, Џеки Луис.

Кога мистеријата се разрешила, невестата која првпат пребледела од мака прснала од смеа.

„Мојот сопруг беше избезумен од страв. Го игравме нашиот прв танц, а светлата беа слаби и не можевме да ѝ го видиме лицето. Помислив дека тоа е една од лудите поранешни девојки на Кери. Но, потоа светлата се запалија и го видов нејзиното лице, веднаш ја препознав“ - изјавила Стејси на крајот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг