Венгер распали по својот Арсенал: Стана нечовечен клуб…

Дерби

13/12/2019

11:56

2.513

Големина на фонт

а а а

Арсенал се наоѓа во тешка резултатска криза и најлош старт во последните години во нивната историја.

„Топчиите“ на вчерашниот натпревар против Стандард Лиеж стигнаа до реми во финишто на средбата иако имаа негатива од два гола.

За состојбите во клубот, кои не се ни блиску до розови се огласи и поранешниот тренер и легенда на клубот, Арсенл Венгер кој посочи и зошто го напуштил Арсенал по цели 22 години поминати на клупата на овој тим.

– Кога стигнав во Арсенал, во клубот бевме 80 луѓе, а кога заминував 750. Тоа е премногу, секој размислува да се спаси само себе. За мене организацијата треба да има максимум 150 луѓе и треба да се задржи човечноста. Најмногу ми е жал што Арсенал стана нечовечен клуб. Јас почувствував дека работите ми бегаат од контрола и се одлучив да го напуштам клубот, - јасен беше Венгер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг