Ќе ви направам дупка во главата: Американскиот шпион дивее во затвор и им се заканува на Русите! На Велан не му помагаат ни лекари

Точка

11/12/2019

19:02

2.955

Големина на фонт

а а а

Руското Министерство за надворешни работи соопштило денес дека американскиот државјанин Пол Велан, кој се наоѓа во притвор во Русија поради сомнение дека шпионирал, им се заканувал на вработените во руската Сојузна затворска служба.

"Адвокатите на Велан очигледно не му помагаат. Тие не знаат ништо за својот клиент. Им кажавме на адвокатите каде би можел Велан да буши. Најден е уред сличен на оној кој се користи за правење на дупки на документи", навело Министерството и објавило фотографија од машина за правење дупки на документите за нивно полесно поврзување, пренесува Tass. 

Како што се наведува, Велан таа машина планирал да ја користи за други цели.

"Ги предупредуваме оние кои го бранат, дека би требало повеќе да научат за својот клиент и можеби да го советуваат како да се однесува. Попатно, што мислите што би направиле тие ако затвореник се заканува дека со машина ќе направи дупки во главите на инспекторите во американски затвор", навело Министерството.

Рускиот шеф на дипломатија Сергеј Лавров изјавил по состанокот со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Вашингтон дека Велан се однесува безобразно и им се заканува на затворските власти.

"Тој вели дека ќе ги избуши нивните глави и дава други арогантни изјави", рекол Лавров.

Московската јавна надзорна комисија објавила на Твитер дека затворските службеници не ги кршат правата на Велан и дека навреме добива затворска нега. Како што е наведено, членовите на комисијата го посетиле Велан во затвор неколку пати и ги потврдиле наводите на Лавров.

"И покрај лошото расположение на Велан и обидите да го прекрши кодексот на однесување, неговите права како и медицинската помош не му се ускратени", напишала Комисијата.

Адвокатот на Велан, Владимир Жеребенков, рекол дека дошло до недоразбирање меѓу неговиот клиент и затворските чувари поради јазичната бариера. Тој рекол дека Велан се однесува примерно и дека не се заканува, како и дека се сомнева дека неговиот клиент би можел да добие машина додека е во притвор.

##https://twitter.com/A_Osborn/status/1201960823377317889##

Велан, кој освен американско има и британско, канадско и ирско државјанство, е шеф на обезбедувањето во компанијата Борг Ворнер, која се занимава со автомобилски компоненти.

Велан е уапсен на 28-ми декември 2018-та година во Москва поради наводно шпионирање, а против него е започната кривична истрага и му се заканува затворска казна од 10 до 20 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг