Мурињо за тешкиот пораз на Тотенхем од Баерн: Им забранив на играчите да ја гледаат снимката...

Точка

11/12/2019

15:55

1.929

Големина на фонт

а а а

Тотенхем гостува кај Баерн Минхен во последното коло од Лигата на шампионите, а „Спарси“ се уште ги прогонува поразот од првиот натпревар пред своите навивачи.

Минхенскиот тим славеше со 2:7 на гостувањето во Лондон, а новиот тренер на Тотенхем, Жозе Мурињо не сака неговите играчи да се присетуваат на дебаклот.

„Им го забранив гледањето на таа снимка. Јас ја погледнав неколку пати, но играчите ниту еднаш“, изјави Жозе Мурињо пред натпреварот.

Инаку, и двата тима обезбедија пласман во нокаут-фазата од Лигата на шампионите, па последниот натпревар од групната фаза ќе биде шанса некои играчи да добијат шанса за настап.

„Ова е одлична шанса за некои играчи да покажат што знаат. Некои од моите играчи немат добиено поголема прилика во овие пет натпревари. Имаме густ распоред за време на празниците, па разбирливо е некои играчи да добијат одмор“, изјави Жозе Мурињо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг