Челси му фати сеир на Роналдо по пласманот во нокаут рундата во ЛШ

Дерби

11/12/2019

15:33

2.528

Големина на фонт

а а а

Челси вчера обезбеди пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите откако на домашен терен го победи Лил со 2:1, резултат кој беше доволен да ја заврши како второпласиран групата Х во која на крајот изненадувачки прва заврши Валенсија која оствари голема победа во Амстердам.

Младиот Абрахам и искусниот Цезар Аспиликуета беа стрелци на головите за сините од Лондон, а со оглед на тоа што за капитенот ова беше втор гол во групната фаза во Лигата на шампионите, официјаниот твитер профил на Челси за шпанско подрачје одлучи да го истрола Кристијано Роналдо.

– Цезар Аспиликуета има повеќе голови од Роналдо во актуелното издание во Лигата на шампионите. Ова е факт, а не мислење…



Спонзорирани линкови

Маркетинг