Неверојатната тајна верзија на Hellfire: Оваа ракета уништува без експлозија!

Точка

11/12/2019

17:48

3.938

Големина на фонт

а а а

Посебната верзија на Hellfire ракетата наместо експлозив има острици, па нападите се исклучително прецизни и убиствени, а со оглед на тоа што нема експлозија, редуцирана е колатералната штета.

Долго време кружат разни гласини за американското тајно оружје наменето за специјални операции. Станува збор за посебната тајна верзија на проектилот Hellfire (AGM-114R9X) која има исклучителна прецизност, а можноста за колатерална штета, односно цивилни жртви е редуцирана на минимум.

Оваа верзија на проектилот воопшто не содржи експлозив, туку е модифицирана и на ракетата се поставени посебни острици кои се исфрлаат, односно отвораат пред ударот. Таквиот проектил овозможува изведување на напади со исклучителна прецизност во која се елиминира метата без експлозија.


Во последните неколку дена AGM-114R9X повторно е во центарот на вниманието откако се појавија информации дека Американците таа верзија на Hellfire ја користеле во Сирија.

На почетокот на месецот Американците со ракетата „распарчиле“ комби, а потоа во текот на минатиот викенд било нападнато возило во кое имало лица поврзани со терористичките организации. Фотографиите и видеата кои се појавија на социјалните мрежи ги покажуваат размерите на нападот - убиени луѓе, уништен автомобил, но без траги на експлозија.

##https://twitter.com/Kyruer/status/1201898530081792001##

Официјално не е познато какво оружје било користено во нападот, но се укажува на тоа дека зад нападот стојат Американците и дека ја користеле тајната верзија на Hellfire ракетата.

Како што пренесува руски „Спутник“, ракетата Hellfire AGM-114R9X за прв пат била користена во 2017-та година во напад на високорангираниот член на Ал Каида кога бил уништен неговиот автомобил, а воопшто немало експлозија.

Инаку, производството на Hellfire AG-114R започна во 2010-та година, а американската армија го потврди развојот на четирите верзии на ракетата (R9B, R9E, R9G i R9H). Но, никогаш не е потврдено постоењето на верзијата AGM-114R9X.



Спонзорирани линкови

Маркетинг