Вооружен провалник упаднал во станот на голата манекенка: „Ме фрли на каучот“

Точка

11/12/2019

15:23

6.479

Големина на фонт

а а а

Манекенката Данил Банкс вели дека се разбудила во ноќен кошмар кога наводниот вооружен провалник влегол во нејзиниот стан и барал пари додека таа гола стоела пред него.

Сцената ја снимила надзорната камера. Данил за “TMZ“ тврди дека спиела во својот дом во Чебли, кога минатата недела чула гласен звук поради кој нејзините кучиња почнале да “лаат како луди“.

Данил влегла во собата, а на снимката се гледа провалникот со пиштол во раката. Данил, Инстаграм модел со повеќе од 2.5 милиони следбеници, вели дека провалникот барал таа да го отвори својот сеф, за кој вели дека бил празен.

Додала дека мажот ја турнал на креветот пред да побегне.

Локалната полиција го примила повикот за вооружен грабеж во нејзиниот стан. Кога полицајците пристигнале, ја пронашле манекенката како хистеризира и плаче во собата.

Полицијата вели дека забележале дека влезната врата од нејзиниот стан е оштетена поради насилниот упад. Данил на полицијата го опишала провалникот како Афроамериканец.

Полицијата сè уште е во тек со истрагата. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг