Клоп го одложи стартот на пресот и изрежира уникатна сцена со преведувачот кој го посрамоти

Дерби

11/12/2019

11:43

2.309

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп ги освојува фановите со својата харизма крај аут линијата, но често знае да биде оригинален и во прес-центрите, нешто што беше случај пред и после натпреварот со Салцбург во Лигата на шампионите.

Германецот беше доста дрзок и го посрамоти преведувачот кој даде погрешен превод за изјавата на Хендерсон, но очигледно Јирген сфати дека бил преостар во дадената ситуација, па пред да го почне пресот по победата од 0:2 во Австрија, одлучи да му се извини на човекот кој беше задолжен за известување на домашните медиуми.

– Пред да започнам, сакам да ти се извинам за вчера. Знам дека такво нешто вознемирува бидејќи се случи јавно. Тоа беше комплетна глупост. Не ми се допаѓаше преводот, но начинот на кој се обратив беше многу глупав. Мора да бидам подобар и затоа ти барам прошка, – порача Клоп, по што преведувачот експресно го прифати неговото извинување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг