Во оваа фирма сите вработени добиле црвени коверти - кога ги отвориле, почнале да врескаат од среќа

Точка

11/12/2019

11:00

5.053

Големина на фонт

а а а

Вработените во оваа фирма не можеле да поверуваат што добиле во црвените коверти.

Кога од фирмата за недвижнини во Мериленд во текот на забавата овој викенд на вработените им врачиле коверти никој од нив не знаел што да очекува.  

Сите 198 вработени од компанијата "St. John Properties" добиле изненадувачки бонус од 50.000 американски долари просечно. Тоа било божиќно чудо кое не го очекувале.

Вкупната сума на сите бонуси изнесувала околу 10 милиони долари.

„Кога го отворив ковертот, не можев да верувам“ - рекла за Си-ен-ен Стефани Риџвеј, асистентка на шефот на проектите во компанијата.

„Немам доволно зборови да опишам како се чувствував, беше навистина неверојатно. Сè уште сум во шок. Ова ми го смени животот“.

Претседателот на "St. John Propertiesa", Лоренс Мејкранц за Си-ен-ен изјавил дека фирмата ги постигнала своите главни цели и дека во тоа помогнале вработените па затоа сакале сите пријатно да ги изненадат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг