Драма во Њу Џерси: Убиени се шест лица, заложничката криза траеше со часови, испукани стотина куршуми

Точка

11/12/2019

08:38

1.503

Големина на фонт

а а а

Најмалку шест лица, меѓу кои еден полицаец и двајца напаѓачи се убиени во повеќечасовното пукање во близина на гробишта и супермаркет во Њу Џерси.

Полициски сили го блокираа целото подрачје околу супермаркетот кој се наоѓа на брегот на реката Хадсон веднаш спроти њујоршки Менхетн. Најмалку шест лица, од кои три цивилни жртви, еден полицаец и двајца вооружени напаѓачи се убиени во престрелката.

Во размената на оган се испукани стотина куршуми, а двајцата напаѓачи делувале самостојно, изјави Мајкл Кели од тамошната полиција.

Полициски детектив бил убиен во близина на гробиштата кога се обидел да ги сопре осомничените кои потоа побегнале во супермаркетот во близина. Полицијата открива дека тројцата цивили биле убиени од напаѓачите кои пристигнале со украдено возило и задржале повеќе заложници.

Кризата траела со часови додека вооружените напаѓачи одбивале да се предадат на полицијата.

Од полицијата од Њу Џерси засега велат дека нема докази дека станува збор за злосторство од омраза или терористички напад. Во пукањето исто така ранети се двајца полицајци и еден цивил.

Сите училишта во близина се привремено затворени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг