„Толку многу љубов во очите“ на овие Скопјани: Ниедна девојка не е рамнодушна на нивниот шарм, еве зошто

Точка

10/12/2019

21:59

6.836

Големина на фонт

а а а

Момците од групата „2BE“, во последно време пријатно ја изненадуваат јавноста. Чекор по чекор се пробиваат низ морето на нови македонски уметници и ги освојуваат срцата на девојките.

Скромни, талентирани, успешни... Ова се трите епитети кои целосно ги опишуваат Љупче, Тино и Синиша.

Вчеравечер во 18 часот ја објавија нивната втора песна „Врати се“, која вокално ја исполнува Љупче, а Тино и Синиша се одговорни за остатокoт од песната да звучи беспрекорно.

Инаку, „2BE“ е бендот на Струмичанката Александра Јанева, која на сите почитувачи на македонската музика им е добро позната.

Сепак, покрај настапите со Јанева, ова трио често самостојно настапува во кафулињата ширум земјава, па обожавателите на секој настап се зголемуваат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг