„Зошто би носела вакво нешто кога има толку многу пари?“: Ким Кардашијан исмеана поради обувките, а за сè е виновен Каније Вест

Кармин

10/12/2019

15:43

4.382

Големина на фонт

а а а

Она што го облекла популарната старлета на малкумина им се допаднало.

Ким Кардашијан објавила слатка фотографија со својата ќерка Чикаго од Токио. Меѓутоа, она што привлекло големо внимание се обувките на славната ријалити ѕвезда.

Станува збор за еден моден бренд, односно модниот бренд на нејзиниот сопруг Каније Вест.

Многу од фановите ја искритикувале поради обувките кои ги нарекле “патики за вонземјани“ и дека Кание ѝ дава работи кои треба да ги облече, а со тоа не им испраќа добра порака на останатите жени во светот.

Ким сепак го брани својот сопруг и зборува дека неа ѝ треба помош околу модата.

Најновите патики предизвикале многубројни негативни коментари па многумина ги нарекле “вселенски брод и мутанти“ па се запрашале зошто Ким носи такво нешто кога има толку многу пари и ѝ порачале дека на сопругот слободно може да му каже “не“ кога станува збор за вакви обувки. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk