Била тениски вундеркинд, а потоа убодот со нож променил сè: Се прејадувала и се сожалувала себеси, а еве како изгледа денес

Кармин

02/12/2019

13:21

6.227

Големина на фонт

а а а

Моника Селеш денеска го прославува својот 46-ти роденден. Тениската легенда е родена во 1973 година во Нови Сад, а за нејзиниот талент во белиот спорт набрзо дознал целиот свет.

Селеш која има унгарско потекло, станала американска професионална тенисерка која првите тениски удари ги изведувала по терените во Нови Сад. 

По преселувањето во Америка започнала да ја посетува академијата на тенискиот експерт Ник Болитиери, каде друштво ѝ правеле тенисерите Андре Агаси, Габриела Сабатини и Мери Џо Фернандез.


“Најмногу сакав да го удирам топчето од ѕид и благодарна сум на станарите на кои не им сметаше буката. И денес сум најсреќна кога околу мене постои голем ѕид. Тоа е сигурносна мрежа, музика која најмногу му годи на моето уво”, напишала Селеш во својата автобиографија од 2009 година, по освојувањето на 9 Гренд Слем турнири.

Таа започнала да се занимава со професионален тенис на 14 години, а првата сезона ја завршила на шестото место на VTA листата. Беше препознатлива по силниот форхенд и бекхенд, како и по силното враќање на топката.

Моника беше најмладата тенисерка која го освои Ролан Гарос во 1990 година, на само 16 години. Тогаш ја победи германската тенисерка Штефи Граф.


1991 година беше година на нејзиниот врв во кариерата – од јануари 1991 до февруари 1993 година, Селеш освоила 22 турнири и стигнала до 33 финалиња од 34 турнири на кои учествувала. Остварила 159 победи и само 12 порази.

30-ти април 1993 година

Моника ја започнала 1993 година со трето освјување на турнирот во Австралија, а до двојна победа ја донесе триумфот над Штефи Граф. А потоа се случи 30-ти април 1993 година...

За време на четвртфиналето од мечот помеѓу Селеш и Магдалена Малеева во Хамбург, 38-годишниот Гинтер Пархе (инаку опсесивен обожавател на Штефи Граф) ја прободел Моника со нож во грбот, помеѓу лопатките.

Селеш веднаш била пренесена во болница каде ѝ биле санирани физичките повреди, но со оние психичките се борела две години, колку што траела нејзината пауза од тенисот.


“Седев на клупата и почувствував остра болка во грбот. Погледнав зад себе и видов лице со нож во раката и помислив: Ох Боже, овој човек ми зари нож во грбот. Беше хаотично”, се присетила тенисерката.

За тоа време Штефи Граф ја вратила доминацијата во женскиот тенисер. Поради инцидентот била зголемена и безбедноста на турнирите, а Гинтер Пархе бил осуден на две години условна казна со задолжително психичко лекување.

Кога во 1995 година се вратила на теренот, Моника го освоила Отвореното првенство на Канада. Во финалето во Австралија изгубила од Штефи, но во 1996 година успеала да дојде и до пехарот на овој турнир. До 2003 година освоила 53 турнири, а потоа повторно паузирала поради повреда на ногата. Во 2005 година повторно заиграла на два егзибициони меча против Мартина Навратилова, но изгубила.

Депресија и прејадување

Тенисерката која беше позната по тоа дека е најдобра кога е најтешко и која тргна во светот на тенисот со советот дека секој поен е важен, со години водела тешка психичка борба.


Спасот го наоѓала во храната и набрзо западнала во замката на прејадувањето. Депресијата била врв на нејзината лоша состојба од која Моника излегла како победник.

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, никогаш не заминала од овој спорт. Таа и понатаму игра тенис, присуствува на важни тениски свечености и изнесува детали од својата животна приказна.

Моника Селеш денес

Кога ќе ја погледнете тенисерката денс, ќе сфатите дека токму сега изгледа најдобро во животот. За неа секогаш има место на светската јавна сцена, па така неодамна беше една од домаќинките на доделувањето на CMA наградите во Њујорк.


Покрај тенисот ужива и во прошетките, но напоменува дека белиот спорт ѝ е омилена активност и дека обожува да го игра со локалните, верни соиграчи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk