Трагедијата на популарната убавица: Во земјотрес ѝ починал вереникот, а сега се породила во 7-от месец од бременоста

Кармин

29/11/2019

15:50

7.063

Големина на фонт

а а а

По неизвесното предвремено породување манекенката станала мајка на прекрасно машко бебе.

Петра Немцова (40), позната манекенка од Чешка на својот Инстаграм профил објавила дека станала мајка на прекрасно машко бебе.

Петра на своите обожаватели им соопштила дека на 15-ти ноември предвремено се породила во 34-та недела од бременоста (7-ми месец).

„Момче е! Радоста и благодарноста не можеме да ги сокриеме од нашите лица кога вчера конечно го донесовме нашето ангелче дома. Избра да стигне неочекувано, во 34-та недела од бременоста среде ноќ во дива природа. Во текот на тоа невреме, за малку ќе се породев во автомобил додека брзавме до најблиската болница. Од 15-ти ноември бевме на напнат пат по многу болници молејќи нашето бебе да зајакне и да биде поздраво. Сопругот и јас не сакавме другите да ги загрижуваме додека не бевме сигурни дека нашето бебе е надвор од животна опасност. Сега нашиот преубав син е со нас, сигурен е, заштитен, сакан, спокоен“ - напишала Петра покрај фотографијата на која го држи стапалото од својот син.

Манекенката бременоста ја објавила во август оваа година со коментар дека е неверојатно благодарна што универзумот ги наградил со овој поклон толку многу брзо.

Инаку, Петра оваа година се омажила со агентот за недвижнини Бен Лареќ и конечно ја пронашла својата среќа по 2004-та година кога преживеала голема трагедија.

Тогаш во разорен земјотрес на Тајланд го загубила вереникот Сајмон Атија, а Петра се “скршила“ и очајнички се држела за гранка од дрво со часови сè додека не ја пронашле спасувачите. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk