Тухел за последниот излет на Нејмар: Не можам да глумам полицаец поради него

Дерби

21/11/2019

17:10

2.472

Големина на фонт

а а а

ПСЖ утре го пречекува Лил на домашен терен на отворањето на новото 14-то коло во француската Лига 1, а пред одигрувањето на големото дерби, германскиот стручњак Томас Тухел беше искрен и порача дека воопшто не му се допаднало она што го видел во вторникот доцна во вечерта.

Бразилецот Нејмар беше специјален гостин на Жерард Пике во Мадрид на тенискиот Дејвис Куп кој се игра овие денови, а со оглед на тоа што беше присутен на натпреварите до доцна во ноќта, Тухел нагласи дека не е природно еден играч да биде во друг град, кога веќе следното утро има тренинг.

Како и да е, тренерот на ПСЖ не беше премногу остар, но нагласи дека не може да изиграва и да глуми полицаец и да ги контролира своите ѕвезди за нивните излети во приватниот живот.

– Јас не можам да направам ништо во ваква ситуација. Не сум му татко, не можам да глумам полицаец. Јас сум само тренер. После летот што го имаше, следното утро беше на тренинг. Нормално дека не ми се допаѓа тоа што го направи, но тренираше добро и од тоа можам да бидам задоволен. Всушност, тренира добро и многу професионално последниве две недели. Ако се оди како што треба, ќе игра утре, но ќе видиме дали како стартер, или како резерва, – порача Тухел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг