Оле Гунар Солскјер и Ед Вудвард во мисија: На „Олд Трафорд“ во јануари носат огромно засилување?

Дерби

16/11/2019

13:47

2.982

Големина на фонт

а а а

Како што пренесува англискиот еминентен медиум „Телеграф“ кој многу ретко се занимава со шпекулации, Манчестер Јунајтед ќе се обиде да направи една вистинска трансфер бомба во јануарскиот преоден рок.

Имено, Оле Гунар Солскјер и Ед Вудвард ќе влезат во мисија за ангажман на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд. Младиот фудбалер ја има првата криза во германскиот клуб и веќе почнал да станува незадоволен, а тоа наводно сакале да го искористат од Манчестер Јунајтед.

Санчо веќе беше идентификуван како примарна трансфер цел за летниот преоден рок, но во Манчестер Јунајтед имало договор дека ќе се тргне по играчите и во јануари доколку се створат прилики за тоа.

Актуелното незадоволство на Санчо му дава шанса на „ѓаволите“ да успеат да го убедат да пристигне во нивните редови и во јануари.

19 годишниот фудбалер минатиот месец беше отстранет од составот и парично казнет затоа што задоцнил да се појави на тренинг по репрезентативната должност со Англија, а претходната недела на средбата против Баерн Минхен беше изваден од игра во 36. минута. Лусиен Фавре потврди дека не го извадил Санчо поради повреда, тукупораид тактички причини.

За младиот фудбалер постои сериозен интерес и од Ливерпул и Реал Мадрид кои ќе мора да се активираат во јануари доколку сакаат да го победат Манчестер Јунајтед и да го обезбедат неговиот потпис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг