Нојер одби да отфрли можно враќање на Пеп во Баерн Минхен

Дерби

14/11/2019

11:00

1.489

Големина на фонт

а а а

Чуварот на мрежата на Баерн Минхен, Мануел Нојер за прв пат јавно проговори околу потрагата по нов тренер за клубот.

Во јавноста се споменуваат многу имиња, а меѓу нив и Пеп Гвардиола за кој се верува дека пред неколку месеци го посетил тренинг центарот на „баварците“ и имал средба и со директорите на клубот.

Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер беше запрашан што мисли дали Пеп би можел да се врати во клубот, на што тој кратко одговори:

– Не знам, ќе видиме што ќе се случи. За тоа ќе одлучат одговорните лица во Баерн .Во овој момент се оди добро. Ханс Флик и неговиот тим одработија одлично во последните шест дена и вложија голем труд. Бевме прилично успешни на два натпревари. Мислам дека одговорните луѓе ќе донесат одлука, - изјави Нојер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг