Осудени на доживотен затвор: Во инцестна врска со нејзиниот полубрат добила 6 деца, а потоа брутално убиле 2!

Точка

13/11/2019

19:33

13.720

Големина на фонт

а а а

Сара Барас (35) и нејзиниот партнер Брендон Мејчин (39), кој инаку е нејзин полубрат, осудени се поради убиство на два сина и обид за убиство на уште четирите деца.

Тие остатокот од животот ќе го поминат позади решетки, одлучил судот во Шефилд, пренесува Sky News.

Сара и Брендон во својата тајна инцестна врска добиле шест деца и сакале сите да ги убијат. Парот своите синови Тристан (13) и Блејк Барас (14) ги убил на 24-ти мај. Момците ги задавиле во куќата во Шефилд.

За овој брутален злочин добиле казна од минимум 35 години.

Пред да го извршат смртоносниот чин, Барас и Мејчин на своите деца им дале таблети за хиперактивност, против нивна волја, мислејќи дека на тој начин најлесно ќе се ослободат од нив.

„Им дадов живот и затоа можам да им го одземам“, рекла Барас.

Таа наводно се одлучила на овој злочин бидејќи социјалните служби им се заканиле со одземање на старателството над децата.

Кога таблетите не делувале, на интернет барала други начини како да ги убие децата - вклучувајќи давење, гушење...

Таа помалиот син Тристан го удавила со врвка од фустан, додека Мејкин постариот, Блејк го задавил со голи раце. Тоа не им било доволно, па главите им ги завиткале во пластични кеси, за да бидат сигурни дека ќе умрат.

##https://twitter.com/Fund999ER/status/1194355877358252033##

Исто така, парот се обидел да убие уште едно дете, така што го давел во када.

Откако убиле два сина и безуспешно се обиделе да удават друго дете, на жената ѝ останале три деца, од кои едното има само три години - отишла во соба и сама повикала полиција.

Кога полициските службеници стигнале на местото на настанот, им рекла дека две деца однела кај соседите. Меѓутоа, едно од четирите деца на полицијата ѝ рекло дека таа лаже и дека браќата се мртви. Биле шокирани од глетката - две безживотни детски тела.

Иако адвокатот на Сара Барас признал дека таа го направила злочинот, тој додал дека таа од детството е многу оштетена. Рекол дека таа пораснала во куќа во која трпела емотивно, физичко и сексуално насилство.

Барас и Мејклин признале дека извршиле убиство, пренесуваат британските медиуми.

Овој пар делел иста мајка, но долго бил во сексуална врска и добил шест деца. Меѓутоа, никој не знаел дека полубратот и полусестрата се во врска. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг