Роберт Плант изненадил со признанието: “Не можам повеќе да се поврзам со ‘Stairway to Heaven’”

Точка

13/11/2019

18:55

914

Големина на фонт

а а а

Славниот рокер Роберт Плант ја изненадил јавноста со изјавата за најпопуларната песна на “Led Zeppelin” – “Stairway to Heaven”, велејќи дека иако отсекогаш ѝ се воодушевувал на музичката конструкција, сега “не може да се поврзе со неа” и со сопствениот придонес кој ѝ го дал.

Епската нумера од 1971 година, некои ја сметаат за најдобра рок песна на сите времиња, а таа била основата на рок радио станиците во 70-тите години иако никогаш не била објавена како сингл. 

За Плант, меѓутоа тоа било многу збунувачки, признал тој во радио емисијата “Ultimate Classic Rock Nights”.

“Секако, тоа беше добра песна. Конструкцијата на песната, музичката конструкција е многу, многу добра. Тоа е еден од оние моменти кои навистина можат да стојат без глас – и всушност, повторно ќе стои без глас, сигурен сум. Тоа е фина “музичка” музика”, вели рокерот.

Тој напоменал и дека, во смисла на текстот, “не може да се поврзе со неа бидејќи тоа било многу одамна”.


“Повеќе не би смеел да пишувам стихови со оваа апстрактна музичка линија. Ја слушам и му симнувам капа на Џими Пејџ, мислам дека постојат делови од таа песна кои се неверојатни. Начинот на кој Џими ја “земаше” музиката и начинот на кој тапаните речиси доведуваат до климакс, а потоа продолжуваат. Тоа е многу убаво дело, но кога станува збор за стиховите, сега смеам гласно да кажам – не сум сигурен во тоа”, изјавил пејачот на “Led Zeppelin”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг