Интер и Рома повторно соработуваат: На повидок интересна јануарска трампа

Дерби

13/11/2019

12:40

1.342

Големина на фонт

а а а

Антонио Конте во неколку наврати побарал од раководството на клубот во јануари да му бидат обезбедени уште неколку засилувања.

Интер сериозно е заинтересиран за Матео Дармијан од Парма, меѓутоа може да го откаже интересот по новонастанатата ситуација во Рома.

Имено, Алесандро Флоренци побарал да биде продаден во јануари затоа што не е прв избор на десната бековска позиција во Рома, а од Интер сега ќе испратат понуда за 28 годишниот фудбалер.

Конте е подготвен да го пушти Матео Политано во редовите на „волчицата“, а според „Ил Месаџеро“ агентите на двајцата играчи во следниве денови ќе започнат преговори со клубовите за можна јануарска зделка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг